Американската армија пресретнала разговори на сириски офицери за хемискиот напад

Американското воено разузнавање пресретнало пораки на сириски офицери и хемиски експерти во коишто наводно било разговарано за подготовка на хемискиот напад со користење на нервниот гас сарин во сириската покраина Идлиб, пренесува телевизијата Си-Ен-Ен, повикувајќи се на восокопозициониран американски функционер.

Според сознанијата на телевизијата, податоците биле дел од прегледот на разузнавачките информации добиени во текот на неколкуте часови по наводниот хемиски напад. Американските функционери тврдат дека „нема сомнени“ во одговорноста на сирискиот претседател Башар ал-Асад за овој напад.

Соговорникот истакнал дека во Вашингтон не сфатиле дека ќе се случи нападот. САД собираат огромни количества разузнавачки информации за земји како што се Сирија и Ирак, без веднаш да ги обрабтуваат податоците, се’ додека не се случи некој настан за кој е неопходно да се анализира врз основа на нив.

Во прилогот се наведува и дека во моментов не постојат податоци за пресретната комуникација којашто би укажала на директната договорност на руските воени сили во Сирија во настаните во Идлиб. Неименуваниот соговорник на CNN претпоставува дека „Русите биле повнимателни во размената на информациите, за да го избегат нивното пресретнување“.

Сириската опозиција соопшти на 4-ти април за повеќе од 80 загинати и 200 повредени во напад со хемискот оружје во Кан Шејкун, обнинувајќи ја за тоа војската на сирискиот претседател Асад. Официјален Дамаск, одлучно ги негира ваквите обвиненија и одговорноста ја префрла на бунтовниците и нивните поддржувачи.