26.8 C
Skopje
четврток, мај 30, 2024

Американската бејзбол лига дозволи користење на марихуана

Американската бејзбол лига (МЛБ) ја тргна марихуаната од листата на забранети супстанци, објавија американските медиуми.

МЛБ излезе со соопштение во кое пишува дека од 2020 година ќе биде дозволена употребата на канабис кој ќе биде третиран исто како алкохолот.

Синтетичкиот ТХЦ и понатаму ќе биде на листата на забранети исто како и кокаинот и фентанилот (супстанца кој се користи за анестетик, но и како додаток на кокаинот и хероинот) и играчите кои ќе бидат позитивни на овие супстанци ќе бидат санкционирани.

-Соединетите Американски Држави се борат против епидемија на алкохолизам. Се надеваме дека сите ја разбираат нашата одлука – тоа што го дозволивме, како и тоа што не го дозволуваме. Се надеваме дека на овој начин здравствено ќе им помогнеме на играчите и дека ќе ја подигнеме свеста со едуцирањето на младината. Супстанцата која ја дозволивме е само поради медицински работи, истакна Ден Хејлем, еден од челниците на МЛБ лигата.

Неколку месеци по смртта на Тајлер Скагс, 27-годишниот фрлач на Лос Анџелес Енџелс, на кого во крвта му беше пронајден фентанил и алкохол, лигата одлучи во медицинските работи да ги уфрли одредените дозволиви супстанци.