Американската економија во првото тримесечје забележала пад од 4,8 отсто во споредба со истиот период од минатата фискална година, најсилно од првиот квартал во 2009 година, покажува извештајот од средата на министерството за трговија.
Остриот пад на економијата, по растот од 2,1 отсто во претходното тримесечје, е последица од парализата на речиси целата земјата произлезена од строгите мерки за карантин, со коишто американските власти настојуваат да го спрежат ширењето на новиот тип коронавирус. Со тоа е завршен најдолгиот период на раст на економијата во историјата на САД.
Економските аналитичари од анкетата на Reuters очекуваа во просек пад од околу 4 отсто, со тоа што најголемите песимисти предвидуваа пад од дури 15 отсто.
Најновите показатели го одразуваат остриот пад на стопанските активности во последните две седмици од март, поради што најмалку 26,5 милиони досега останаа без работа.
Силен пад забележале и повеќето главни компоненти на бруто домашниот производ (БДП), вклучително и личната потрошувачка која е заслужна за повеќе од две третини од вкупните економски активности.
Извештајот ќе ги поткрепи на очекувањата на аналитичарите дека најголемата според обемот светска економија веќе се наоѓа во длабока рецесија, истакнува Reuters.
„Економијата е во слободен пад. Можно е да сме на чекор од нешто многу полошо од длабока рецесија. Во овој момент пререано е да се зборува за закрепнување. Ќе бидеме сведоци на банротите на малите и средните претпријатија“, предупредува Сун Вон Сон, професор по деловна економија на Универзитетот Лојола Меримунт.