Американската FDA ги забранува цигарите со ментол

Аериканската Агенција за храна и лекови (FDA) во четвртокот предложи забрана за ментол цигарите во САД, што во земјата се дожувава како победа на активистите против тутунската индустрија, но и удар за произведувачите на цигари.

Службите на FDA работат на предлогот за стандард на прозиводите кој треба да биде објавен следната 2022 година, а со кој ќес е забрани ментолот како вкус во цигарите, како и сите други вкусови, објави агенцијата.

Ќе бидат потребни повеќе години за да се имплементира забраната, поради многу веројатбните правни оспорувања од страна на тутунската индустрија коајшто повтроно се обидува да ги блокира одлуките на FDA.

Агенцијата беше принуден да ја донесе одлуката до 29-ти април поради петицијата од 2013 година со којашто се бараше забрана за ментол цигарите. Активистите тврдат и дека црните Американци се најмногу подложни и под влијание на маркетиншките кампањи на произведувачите на цигари, пренесува Reuters.

„Забраната за ментолот, поледниот дозволен вкус во цигарите и забраната за другите вкусови, ќе спаси животи, особено меѓу оние коишто се непропорционално под влијание на овие смртоносни производи“, изјави челничката на FDA, Џенет Вудкок.