Американската морнарица доби нови подморници

Јуришната подморница USS Delaware (SSN 791)“ снимена во Атлантикот во август 2019 година (Picture source U.S. Navy)

Американската воена морнарица во саботата соопшти дека во функција го ставила своите нови јуришни подморницо од најновата генерација, без пригодна свеченост поради пандемијата на коронавирусот.

„Иако вообичаена, свеченоста по повод за пуштањето во употреба е откажана поради јавноздравствените причини и поради забраната за собири, морнарицата ја презема ‘USS Delaware’ и ја воведе во редовна служба“, се навудува во соопштението на американската морнарица.

И кумата на подморница, Џил Бајден, сопругата на веројатниот демократски кандидат на претседателските избори во ноември, Џо Бајден, упати во соопштението за јавноста честитка на сите кои учествувале во пуштањето во употреба на подморницата чиешто градење започна пред шест години, во периодот кога нејзиниот сопруг беше потпретседател на САД.

Истовремено на Twitter американката морнарица објави дека во морето е порината и нуклеарната подморница „SSN-792 Vermont“ од истата класа.

Подморниците „USS SSN-791 Delaware“ и „SSN-792 Vermont се од класата „Вирџинија“, според главната подморница од серијата „SSN-774 Virginia“ којашто влезе во составот на флотата на САД во 2004 година, а е последната четврта генерација јуришни подморници на американската воена флотила.

Станува збор за ткн повеќенаменска подморници со нуклеарен погон кој ѝ озвоможува 30-годишна автономија. Опремени се со 12 повеќенаменски проектили со висока прецизност „море-земја“ од типот „Томахавк“ и може да извршува задачите за надзор, извидување и напаѓање. Двете подморници се опремени со современ електронски радарски комплекс, а се одликуваат со ниско ниво на бучава.

Дизајнирани се за борба до подморници и за крајбрежни операции. Покрај стандардното вооружување, пловилата имаа и опрема за специјални операции, како автономни (беспилотни) подводни апарати, комора за нуркачи, за палубно монитирање контејнери или микро-подморница.

Инаку нивното градење според првичните планови требаше да биде завршени минатата 2019 година. „SSN-791 Delaware“ е спуштена во вода Њупорт-Њуз, во сојузната држава Ворџинија, а „ SSN-792 Vermont“ во Гортон во државата Конектикат.

Пандемијата на Covid-19 го зафати и американските вооружени сили и покрај забраната за движење воведена за американските војници ширум светот, како што покажува заразата на на носачот на авиони „USS Theodore Roosevelt“ кој е вкотвен во пацифичката американска база Гуам.