Американската поп-ѕвезда Лизо (Мелиса Вивиен Џеферсон) изјави дека психички била на „многу темно“ место, но дека „музиката ѝ го спасила животот“ откако три поранешни танчерки поднесоа тужба против неа, објави во петокот германската агенција dpa.
Лизо и нејзината продукциска куќа беа тужени од три поранешни танчерки, Аријана Дејвис, Кристал Вилијамс и Ноел Родригез, со обвинување за сексуално вознемирување и непријателска работна средина.
Во тоа време, пејачката ги опиша наводите како „шокантно сериозни и многу разочарувачки“, велејќи дека тврдењата се исто толку „неверојатни како што и звучат“.
Во своето прво интервју на оваа тема, Лизо за подкастот „Baby, This Is Keke Palmer“, рече: „Последнава година и половина, ми требаше време (сето тоа) да го процесуирам и да пораснам како личност“. „Буквално го живеев мојот сон, а потоа турнејата заврши и три танчерка целосно ме заслепија со тужба“.
Добитничката на Греми, Лизо вели дека обвинувањата за сексуално вознемирување „најмногу ја вознемириле“, но таквите обвинувања ги нарече „смешни“ и „апсурдни“.
„Да бидеме на чисто, не направив ништо лошо“, рече Лизо во интервјуто.
Триесет ишестгодишната жена рече дека „веднаш“ по поднесувањето на тужбата отишла во студиото за снимање, каде напишала „толку многу песни што светот никогаш нема да ги слушне затоа што бола лута“.
„Музиката ми го спаси животот, искрено, затоа што тој период од мојот живот… тој период од мојот живот беше многу мрачен поради чувството на предавство“, додала Лизо.
„Ве вработив, верував во вас, а се да се чувствувате изневерени на тоа ниво беше длабоко потресно“, додаде.
Во септември 2023 година, слични обвинувања против Лизо упати и стилистката Аша Даниелс, тврдејќи дека таа била предмет на расно и сексуално вознемирување и дел од непријателска работна средина додека била на турнеја со Лизо.
Американски судија ги отфрли обвиненијата против Лизо како физичко лице претходно овој месец, но нејзината компанија „Big Grrrl Big Touring“, и натаму е обвинета во случајот кој трае.