Американската помош за Гренланд предизвика критики во Данска

Пакетот на економската помош на владата на САД за Гренланд предизвика критики во Данска, помалку од едена година откако оваа земја ја одби понудата на американскиот претседател Доналд Трамп да го купи овој голем острав на Арктикот.

Американскиот амбасадор во Данска претходно седмицава рече дека неговата влада работи на „голем пакет економска помош“ за Гренлад.

„Претераа“, рече Карстен Ханг, социјалдемократската челничка на парламентарната комисија за надворешна политика. „Нечуено е близок сојузник на таков начин да се обидува да внесе поделби меѓу Гренлад и Данска“, додаде.

Сорен Есперсен, нејзиниот колега од опозициска Партија на Данците, го оценин како „навредлив“ за Гренланд и Данска.

Арктичкиот остров е важен за американската одбрана и нејзиниот систем за рано предупредување на балистички напади, а имајќи го предвид јакнењето на военото и економски присиство на Русија и Кина во овој регион.

Гренланд, на кој живеат околу 56.000 луѓе е богат со природни ресурси и има воено-стратешко значење, е автономна територија во рамките на Данска.

Препирката меѓу Вашингтон и Копенхаген за американското купување на Гренланд е само дел од пред неколку години започнатата битка за контрола над Арктикот. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно во август 2018 година ја откажа посетата на Данска и со груби зборови одговори на отфрлањето на неговата идеја САД да го купат Гренлад од страна на данската премиерка Мете Фредерискен, која ваквата замисла на оцени како апсурдна. Тоа дојде откако американските медиуми објавија дека функционерите во администрација на американскиот претседател ја разгледувале можноста на данската влада да ѝ понудат 600 милиони долари годишно за предавање на Герланд во неограничена сопственост.

Ова не е првиот обид во Вашингтон да ја разгледува можноста да го поседува островот. Имено, набрзо по завршувањето на Втората свеска војна тогашниот претседател Хари Труман ѝ понудил на Данска 100 милиони долари за Гренланд, но бил одбиен. Американскиот Стејт департмент, исто така, разгледувал опција да го купи Гренланд уште во 1867 година. А како што пишуваше The Wall Street Journal, американскиот сенатор републиканец Тон Котен уште летото минатата 2018 година, му предлагал на данскиот амбасадор Ларс Херт Лозе, купување на Гренланд. Според сенаторот, данскиот дипломат „малку се изненадил“, но дијалогот „продолжил“.