Во пресрет на претседателските избори во ноември на коишто дури половина од американските избирачи би можело да гласаат преку пошта поради пандемијата на коронавирусот, Американската пошта предупреди некои од сојузните држави дека би требало да осигураат повеќе време за пребројување на таквите гласови.
Американската пошта предупредила најмалку четири сојузни држави – Мичиен, Пенсилванија, Калифорнија и Вашингтон, дека постои „зналителен ризик“ дека гласачите нема да имаат доволно време да ги исполнат своите изборни ливчиња и да ги вратат навреме според сегашните државни прописи, коишто им овозможуваат да ги побараат гласачките ливчиња само неколку дена пред изборите.
Постои можност дека значителен дел од гласачките ливчиња на изборите на 3-ти ноември би можеле да останат непреброени доколку стасаат предоцна, се наведува во предупредувањата испратени од Американска пошта.
„Државните и локалните избори функционери мора да ги сфатат и да земат предвид нашите оперативни стандарди и препорачаните временски рокови“, изјави портпаролката на Американса пошта, Марта Џонсон. Таа, како што пренесува Reuters, сепак не прецизирала колку сојузни држави добиле писмо со вакво предупредување.
Американската пошта поради изборите и дописното гласање влезе во политичкиот спор во САД. Демократите и новниот претседателски кандидат Џо Бајден поради пандемијата сметаат дека требе да се одвива гласањето преку пошта, сметајќи дека така ќе ги зголеми своите шанси на изборите.
Републиканскиот претседател Доналд Трамп од поодамна е против гласањето преку пошта, затоа што според него, освен што ќе биде потребно долго време за пребројување на голем број гласови на овој начин, што би било новина во американскиот изборен ситем, па резултатите може да се чекаат и до јануари, ваквото гласање моќе да доведе и до изборни измами.
Трамп во четвртокот изјави дека се противи предлогот за парично помагање на поштата или дописното гласање во рамките на пакетот помош на стопанството поради коронавирусот.
Американската пошта и претходно предупреди некои сојузни држави дека поради тоа што гласачите може да ги побараат гласачките ливчиња помалку од една седмица пред изборите, нема да има доволно време да бидат испечатени, да бидат испратени по пошта до секој поединечен гласач и тоја да го врати.