Американската Шеста флота го испраќа својот команден брод во Црното Море

Американската Шеста флота го испраќа својот водечки команден брод „Mount Whitney“ во Црното Море за изведување заеднички операции со силите на НАТО, се известува во соопштението од петокот објавено на веб-странциата на поморската команда.

Се наведува дека на бродот ќе бидат офицери од штабот на Шестата флота на САД и командата на Ударните сили и силите за поддршка на заедничките военопоморски сили на НАТО.

„Mount Whitney и штабните офицери кои се наоѓаат на него ќе дејствува во Средоземното и во Црното Море заедно со сојузниците од НАТО и партнерите, работејќи на осигурување на безбедноста и стабилноста во регионот“, се наведува во соопштението.

Не се прецизира со какви сили ќе биде директно поврзан командниот брод и какви операции ќе бидат изведувани во чувствителниот регион. Се наведува само дека заедничката работа на офицерите на двата штаба ќе ја подобри интероперабилноста.

Шестата флота засебно информираше дека во Црното Море веќе се упатил ракетниот разурнувачот од типот „Арли Берк“ на американските поморски сили.

„USS Porter се придвижи во северна насока на Црното Море за заедничките операции со нашите сојузници во НАТО и партнерите во регионот“ се наведува во објавата на командата на Twitter, и притоа исто така не се даваат други поединости.

Американската Шеста флота, чиј штаб е во италијански Неапол, спроведува целосен опсег поморски операци, најчесто во соработка со сојузниците од Алијансата или земји партнери.

Русија кон крајот на јули предупреди на континуирано зголемено присуство на борбени пловила на западните земји надвор од регионот на Црното Море, и притоа ја истакна улогата на Турција која може да го контролира минувањето на воениот бродови низ теснецоте.

Имено, пловидбата низ Босфорот и Дарданелите е регулирана со Конвенцијата од Монтре од 1936 година. Документот ја гарантира слободната пловидба на трговските бродови преку теснецот и во мирнодопски и во воени услови.

Според одредбите од Конвенцијата од Монтре, којашто го регулира и пловењето низ Босфорскиот канал како единствениот природен пристап до Црното Море, земјите кои не излегуваат на ова море мораат претходно да го најават минувањето на своите бродови, а се ограничува престојот на воени бродови во водите на Црното Море на земјите што немаат излез и тие не смеат во тие води да ги задржуваат своите бродови подолго од 21 ден. Документот, исто така, предвидува дека во акваториумот истовремено може да се наоѓаат до девет такви бродови со вкупна носивост не поголема од 30 илјади тони.