Вооружените сили на САД досега идентификувале само три случаи на зараза со новиот тип коронавирус во своите редови, иако реално бројот на инфицираните би можел да биде и поголем, соопшти во текот на брифингот за новинарите во Пентагон во вторникот началникот на воено-медицинската служба при Здружената команда на началнциите на штабовите на американската армија, бригадниот генерал на воздухопловните сили, Пол Фридрикс.
„Досега идентификуваме тројца (заразени со новиот коронавирус) од редовите на активниот состав“ на војската, рекол генералот Фридриск.
Според информациите што тој ги претставил, еден од заразените е американски војник на служба во Јужна Кореја, вториот случај е на територијата на САД и третиот е регистриран во Европа.
„Покрај тоа, има и едно цивилно лице кај коешто е дијагностицирано присуство на коронавирусот, четири заразени членови на семејства (на војници или цивилни лица на служба во војската), како и еден инфициран подизведувач (во министерството за одбрана). Сите се на различни места и сите во моментов се чувствуват добро“, додал Фредерикс.
Рекол и дека американските воени лекари тестираат уште шест лица за можна зараза со коронавирусот, но Фридрикс не прецизирал за какви лица станува збор.
Претходно во понеделникот американските медиуми известија дека командантот на американските сили во Европа, Кристофер Каволи, е сомнителен на можна зараза со новиот тип коронавирус. Според информациите на американските медиуми, заразата можеби се случила минатата седмица, кога Каволи присуствувал на воена конференција во Германија на којашто учествувале и командантите на копнените војски во покраината Визбаден.
Фредерикс, исто така, на брифинготн истакнал дека реално бројот на заразените со Covid-19 во редовите на американската војска може да биде поголем отколку што покажуваат последните податоци.
„Мислам дека, веројатно, имајќи го предвид она што се случува во светот (…) дека има повеќе заразени“, признал генералот.