![borben avion](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/01/borben-avion.jpg?resize=470%2C318&ssl=1)
Американски борбен авион се урна во Кембриџшајр, Велика Британија во близина на базата на РАФ.
Авионот се урнал на фарма, а во моментов на местото на настанот има поголем број возила на брзата помош, јавува Би Би Си.
Според портпаролот на РАФ, авионот поминал само околу 7 километри од базата на РАФ Милденхал во Суфолк.
Засега не се соопштуваат повеќе информации за инцидентот.