Американски борбени авиони подготвени за песретнување руски стратешки бомбардери над Алјаска

Американски борбени авиони биле подготвени и подигнати за пресретнување руски стратешки носачи на ракети со долг долет над Алјаска соопштија американски воени извори, а двете страни информираат дека руските бомбардери останале во меѓународниот воздушен простор.

Американската телевизиска мрежа Fox News, повикувајќи се на официјални воени извори објави дека американските воздухопловни сили се подготвувале за пресретнување на рускиот стратешки бомбардер од типот „Ту-95СМ“ придружуван од повеќенаменскиот борбен авион „Су-35С“ кои во четвртокот летале во областа на Алјаска, како и дека руските летала не биле вооружени и оти останале во меѓународниот воздушен простор. Командата за воздушно-космичка одбрана на Северна Америка (NORAD) соопшти дека летот, сепак, бил „професионален и безбеден“.

Претходно во април американската армија соопшти дека руските стратешки бомбардери четири дена по ред патролирале во меѓународниот водушен простор во близина на Алјаска, но оти немало повредување на американскиот воздушен простор. Но истовремено руските авиони се појавувале во ткн зона на воздушната одбрана, каде американската војска сака да добие однапред известување за цивилините и воени летови.

Руското министерство за одбрана во петокот го потврди летот на авионите, но истакнува дека станува збор за планирани летови кои не предизвикале никаков инцидент.

„Во текот на тренажните летови на пилотите на ’Су-35С’ беа изведени елементи на сложено маневрирање, лет на зададена маршрута, пилотирање на борбен авион на ниска надморска височина и на максимално дозвилена височина“, се наведува во коментарот на руското министерство за одбрана во врска со информациите во американските медиуми.

Се појаснува дека пилотите на руската авјација за долги летови редовно патролираат над неутралните води над Атлантикот, Арктикот, Црното Море, Тихиот Океан, а полетуваат и од матичните и од оперативните аеродроми. Се истанува дека сите летови се извршуваат во строга согласност со меѓународните правила за користење на воздушниот простор над неутрални води, без да се нарушуваат границите на други земји.