Грчката екстремно десничарска партија Златна зора остана без државна субвенција, откако парламентот ја усвои одлука за суспензија на нејзиното финансирање. Со тоа се исполни законската регулатива, според која се казнуваат партиите обвинети во криминални дејства.
За прекин на финансирањето на Златна зора гласале 241 пратеник, а 26 биле „против.
Додека на Златна зора и се одземат државните субвенции, партијата добива поддршка во светот. Американски расистички и фашистички групи организирале протест пред грчки конзулати во знак на поддршка на Златна зора.