Бунтот на руската приватна паравојска „Вагнер“ и нејзиниот шеф Евгениј Пригожин против рускиот воен врв, а се толкува и против државниот врв, во екот на војната против Украина, ги разоткри „сериозните слабости“ на рускиот безбедносен систем, сметаат западните стручњаци.
Бунтот би можел да го ослаби моралот на руските војници на фронтот, се наведува во извештајот на Институтот за проучување на војната (ISW) со седиште во Вашингтон.
„Бунтот на Пригожен разоткри сериозни слабости во Кремљ и руското Министерство за одбрана“, пишува ISW.
Договорот направен преку белорускиот претседател Александр Лукашенко, според кој шефот на паравојската Пригожин треба да се повлече во Белорусија, е само краткорочно решение, тврди ISW.
Засега не е познато дали Пригожин пристигнал во Белорусија, а не се знае ниту дали во егзилот ќе му се придружат други членови на „Вагнер“, наведува AFP.
Според процени ISW, единиците на „Вагнер“ „имале сили да дојдат до предградијата на Москва доколку Пригожин тоа го сакал“.
Акцијата на „Вагнер“ покажа недостиг на руските воени резерви во заднината, тврди вашингтонскиот институт.
„Бунтот на Пригожин покажа дека на руските сили им недостигаат резерви во многу заднински области и речиси сигурно ќе го деградира моралот на руската војска во Украина“, се наведува во извештајот на ISW.
Украинските сили може да ги користат тие сознанија во „обидите да ја пробијат руската одбрана“.
Во Киев отворено го прославуваа бунтот на Пригожни и се надеваа дека меѓуруски конфликт ќе го олесни нивното напредување, но вестите за борбите во минатото деноноќие од фронтот во Украина повторно не покажуваат дека некоја од завојуваните страни успеала да оствари позначително пометување на своите позиции.
„Овие настани беа голема утеха за украинската влада и војска“, вели за AFP Бен Бери од Меѓуинародниот институт за стратешки студии и смета дека и покрај повлекувањето на Пригожни позицијата на Путин „веројатно е ослабена“.
Групацијата „Вагнер“ веројатно нема повеќе да постои како независен актер предводен од Пригожин, смета ISW.
Инаку дамнешна желба на Западот беше токму уништувањето на „Вагнер“ чиишто единици ги истиснаа војските на западните земји од африканскиот континент, потпишувајќи договори со тамошните влади за пружање воена помош против разните бунтовнички групации во нивните земји.
Меѓутоа, како што се наведува во извештајот на ISW, некои одреди од „Вагнер“ би можеле да се потчинат на руското Министерство за одбрана.
Во американскиот извештај не е споменато, но рускиот парламент минатата седмица донесе закони според кои отсега припадниците на доброволечките и приватни воени групации од 1-ви јули ќе мора да потпишуваат договори со Министерството за одбрана.
Таквата опција во саботата ја истакна и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој зборуваќи за амнестијата на борците на „Вагнер“ од вина за учество во вооружениот бунт рече дека ќе им бидат понудени договори со министерството.
Пригожин, кој во својата објава дека се повлекува од бунтот наведе „сакаа да нѐ расформираат“, „веројатно сметал дека маршот против воениот врв е единствен начин да го сочува „Вагнер“ како самостојни сили, но притоа ги преценил шансите за успех“, пишува ISW.
„Ситуацијата во којашто белорускиот претедател го запира военото напредување кон Москва е понижувачќко за Путин“, се вели во извештајот на споменатиот институт од Вашингтон.
Во извештајот инаку не се споменува улогата што ја имале во преговорите со Пригожин двајцата високо позиционирани влијателни постари боребени генерали кои во Ростов на Дон ги испрати претседателот Путин, Јунус-Бек Евкуров и Владимир Алексиев кој претходно во водеобраќање го повика шефот на „Вагнер“ да ги „преиспита своите постапки“ и на барањето да му бидат предадени или сменети министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валериј Герасимот му порача дека со тоа сака да задира во овластувањатата кои се во доменот на Врховниот командант, односно претседателот Путин.
Претходно во саботата со слична видео-објава до Пригожин и борците на „Вагнер“ се обрати и генералот Сергеј Суровикин кој поради бунтот се вратил од фронтот во Украина поради нивниот бунт. Според непотврдени информации, во Ростов на дон во саботата утрото престојувал и самиот министер Шојгу, кој потоа се вратил во Москва.