Американски компании и FBI собираат докази за воени злосторства во Украина

Украина соработува со американското Федерално биро за истраги (FBI) и со американски приватни компании на собирањето докази за наводни руски воени злосторства, како што се податоци за геолокации и за мобилните телефони, изјавил во средата за Reuters висок функционер.

Украинските власти собираат податоци од боиштето и од украинските градови разорени во војната откако во февруари минатата година Русија ја започна инвазијата во соседната земја, рекол Алекс Кобзанец, специјален агент на FBI кој претходно работел како правно аташе на Бирото во Украина.

„Собирањето на тие податоци и нивната анализа, работата со тие податоци се нешта во што FBI има искуство“, рекол Кобанец во текот на конференција за кибернетичка безбедност RSA во Сано Франциско.

Таа работа вклучува, како што додал, испитување на податоците од мобилните телефони, форензички анализи на ДНК, како и анализа на делови од тела собрани од боиштата.

„Следниот чекор е работата со националните американски давател на услуги и пренос на тие информации…. добивање податоци за претплатниците, добивање информации за геолакацијата, каде што тоа е можно“, додал Кобзанец.

Агенцијата пишува дека оваа работа го одразува продлабочувањето на соработката меѓу САД и Украина на кибернетичкиот фронт, водејќи заедничка сајбер војна против Русија изминатата речиси цела деценија.

Агентот додaл и дека американскиот FBI изминатата година и половина работел на помагање на Украина, исто така, да ги идентификува руските колаборационисти и шпиони кои дејствуваат во Украина и руските сили кои дејствуваат надвор од Киев во текот на инвазијата.

Американските безбедносни компании и функционери си главни партнери на Украина во нејзината сајбер војна со Русија уште во периодот пред превратот во Киев во 2014 година.

Иља Витјук, шеф на Одделот за кибернетичка информатичка безбедност во разузнавачката агенција Служба за безбедност на Украина (СБУ), изјавил за Reuters дека, иако бројката руски напади врз Украина пораснале последните неколку години, последните месеци тие станале сѐ понасочени,

„Многу тешко е о кривична постапка да се докаже кој е одговорен. Многу ни е важно да добиеме што повеќе информации за руските кибернетички криминалци… бидејќи ги собираме тие информации и го ставаме во напите кривични случаи“, рекол Витјук.

„Веруваме дека овој случај на кибернетички воени злосторства е нешто ново. Тика гледавме кибернетичка војна во целосен обем“, додал Украинецот.