Американските безбедносни служби го истражуваат случајот на притоврен убиец кој признал дека во текот на последните четири децении извршил 90 убиства, објави во четвртокот BBC.
Американското Федерално биро за истраги (FBI) верува дека 78-годишниот Семјуел Литл би можел да биде „најефикасниот“ сериски убиец во американската историја.
Државните и федералните агенции сега се обидуваат да ги според неговите искази со смртните случаи меѓу 1970 и 2005 година. Иследниците тврдат дека веќе го поврзале со 34 убиства и дека работат на потврдувањето на многу други.
Литл во моментов отслужува доживотна казна откако во 2014 година е осуден за убиство на три жени. Притворен е од спетември 2012 година кога е уапсен во засолниште за бездомници во Кентаки и предаден на Калифорнија, каде што бил баран поради обвинение поврзано со дроги.
Примероци од неговата ДНК кога се поврзани со нерешени убиствата на три жени од Лос Анџелес меѓу 1987 и 1989 година. Сите три жртви биле претепани и задавени. Литл на судот тврдел дека не е виновен, но на крајот е осуден на три доживотни казни без можност за помилување.
Тој и претходно имал богато криминално досие со злосторства како што се силувања и вооружени грабежи.