Омар Матин напаѓачот во геј клубот во Орландо каде беа убиени 50 луѓе ја повикал полицијата (911) пред да отвори оган и во телефонски разговор се заколнал на верност на Исламска држава, јавуваат американски медиуми.
ТВ мрежата МСНБЦ наведува дека матин се заколнал на верност на лидерот на ИД, Абу Бакир ал Багдади.
Истовремено, Фокс њуз тврди дека Матин од порано бил познат на ФБИ кои во изминатите години го следеле.
Весникот Лос Анџелес Тајмс објави дека во Калифорнија бил уапсен маж со автоматско оружје и потенцијален експлозив кој сакал да оди на геј парада во Лос Анџелес.
Полицијата примила повик за маж во Санта Моника и откако го пребарале неговиот автомобил пронашле огнено оружје и состојки со кои може да се прават чадни бомби. Автомобилот имал регистерски таблички од државата Индијана.