Американската сатирична веб-страница The Babylon Bee беше принудена да појаснува за јавноста по објавувањето на нејзината шеговита „вест“ за наводните намери на американскиот претседател Џо Бајден сојузната држава Алјаска да ѝ ја продаде на Русија.
„Во обновената определба, администрацијата на Бајден го направи првиот чекор за зголемување на производството на нафта за Американците, со продажбата на Алјаска назад на Русија за да можеме повторно да започнеме со нафтените дупчења таму“, беше објавено на The Babylon Bee.
Сепак, според новинарката на FOX News, Линдзи Корник, овој шеговите напис бил објавен на социјалните мрежи од претставници на американската Либертаријанска партија, а поврзницата до неа била споделена за кусо време повеќе од две илјади пати.
Поради големата популарност на оваа објава на порталот, кој јасно истакнува дека целата објавена содржина има чисто забавен карактер, таа била сериозно проучувана од редакцијата за проверка на факти на влијателниот американски дневен весник USA Today.
„Врз основа на нашата анализа, тврдењето дека Бајден ќе ѝ ја продаде Алјаска на Русија го оценуваме како сатира. Оваа изјава произлегува од написот објавен од сатиричната веб-страница The Babylon Bee. Не се пронајдени докази дека Бајден планира да ја продаде Алјаска“, напиша проверувачката на факти на USA Today, Ана Фаги.
Како што објави новинарката Кормак, споменатата веб-страница често е цел на мејнстрим медиумите како што се The New York Times и CNN за наводно „ширење дезинформации“ и покрај тоа што таа се промовира себеси чеисто како сатиричен медиум. И Facebook, исто така, означил една статија како дезинформација за тврдењата дека CNN ги пушта своите вести преку машина за перење пред да бидат емитувани.
Забележувајќи толку зголемен интерес за нивните објави, авторите на порталот одговорија на „пресудата“ од USA Today.
„Им благодариме на проверувачите на факти од @ USATODAY кои укажаа дека овој напис е сатиричен. Би сакале да го отстраниме, бидејќи сега сфаќаме дека е невистинит и целосно измислен. Даваме сѐ од себеси да објавуваме само целосно точни наслови, но понекогаш грешиме. Ќе се обидеме да работиме подобро“, се наведува во објавата на сајтот на Twitter.
Претходно од истите проверувачи на факти грчкиот телевизиски канал TV Star беше обвинет за ширење лажни вести за ситуацијата во украинскиот јужен град Мариупол кој е десетина дена под опсада на руските сили. Неговите новинари соопштија дека жителите на градот фаќаат глувци затоа што „немаат друга храна“, иако на снимката се гледа како цивил го брка своето милениче заморче кое избегало од кафезот.