Многу американски политичари и новинари во средата биле позитивни на тестовите за Covid-19, откако присустивале на една од најизвиканите гала-вечери во Вашингтон изминатиот викенд.
Со разлика од неколку часа американскиот министер за правосудство Мерик Гарланд и неговота колешка од ресорот трговија Џина Рајмнондо објавија дека се позитивни на Covid-19.
Двајцата министри во администрацијата на претседателот Џо Бајден учестувале во саботата на годишната гала-вечера „ Gridiron Club“, која се смета за можност политичко-медиумската елита на Вашингтон да се вежба во самокритика. „Gridiron Club“ е најстарата и многу влијателна новинарска организација во Вашингтон.
И влијателниот пратеник од Демократската партија, Адам Шиф, кој исто така бил присутен на вечерата, објави во вторникот дека е позитивен на коронавирусот.
Џо Бајден, престедатлот кон наскоро ќе го прослави 80-от роденден, не бил на гала-вечерата па не е на листата контакти. Домаќинот на Белата куќа кој деновиве учестуваше на низа настани во полни сали, каде што ретко кој носеше масак, во понеделникот имал негативен тест, соопшти неговиот кабинет. Бајден неодамна ја прими четвртата доза од вакцината против Covid-19.
Меѓутоа, неговата потпретседателка Камала Харис е вброена меѓу ризичните контакти, бидејчи нејзиниот директор за комуникации Џамал Симонс бил позитивен на тестот. Харис „ќе ги почитува препораките на здравствените власти“ и „ќе ги одржува своите јавни настапи“, соопшти нејзината портпаролка.