Американски носач на авиони и кинески во иста област близу Тајван

© Public domain USS Nimitz.

Американскиот носач на авиони „USS Nimitz“ се наоѓа на околу 400 наутички милји (околу 740 километри) источна од Тајван, во истата област како и кинескиот носач на авиони „Шандонг“, изјави кинескиот министер за одбрана Кију Гуоженг во обраќањето на Законодавниот дом на Јуан, локалниот парламент.

„Не можеме да кажеме дали тој (американскиот носач) дошол тука поради тоа (присуството на носачот ‘Шандонг’), но тој е забележан на оваа локација и под овие околности, па сега сѐ е меѓусебно поврзано“, рекол Кију.

Управата за поморска безбедност на источната кинеска провинција Фуџијан во средата извести дека Кина започнала со патролирање во централниот и северниот дел на Тајванскиот теснец поради извештаите за средбата на претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Кевин Меккарти и тајванската претседателка Цаи Инг-вен,

Кинеските власти се противат на официјалните контакти на други земји со Таван, бидејќи островот го сметаат за своја одметната покраина. Пекинг го зајакна воздушниот и поморски воен притисок и кибернетички напади на островот, откако претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси беше во посета на Тајпеј, што беше прва тава посета од која Вашингтон се воздржуваше повеќе од 25 години за да не се провоцира Пекинг. Потоа следеа уште две посети на Тајпеј на делегации на американски конгресмени.

Ситуацијата околу Тајван значително ескалираше минатата година по посетата на Ненси Пелоси на островот во август минатата година. Таа во тоа време беше претседател на Претставничкиот дом на САД. Кина, која го смета Тајван за една од своите провинции, ја осуди посетата на американскиот функционер, гледајќи во овој чекор поддршката на Вашингтон за тајванскиот сепаратизам. По посетата, Пекинг одржа големи воени вежби.