Американски NPR и британски BBC означени како медиуми „финансирани од власт“ на Twitter

Социјалната апликација за микроблогирање Twitter, во сопственост на еден од најбогатите луѓе на планетата, претприемачот Илон Маск, ги означи американското национално радиот NPR и британскиот радиодифузер BBC како медиумите коишто ги „финансира власт“, откако NPR првично беше означен како „медиуми поврзан со државата“ што сугерира на недостиг од независност во уредувачката политика.

Промената во начинот на кој Twitter го означува американското Национално јавно радио (NPR) со седиште во Вашингтон се случила во саботата ноќта и следеше откако радио-мрежата се жалеше дека изразот „поврзан со државата“ е омаловажувачки и неточен, па социјалната мрежа ја промени ознаката во „го финансира власта“.

Минатата седмица Twitter го означи NPR на ист начин како и кинеските и руските медиуми и платформи под контрола или финансирани од тамошните влади. Во знак на протест NPR престана да објавува твитови.

Главниот профил на NPR на Twitter, кој го следат повеќе од 8,8 милиони корисници на мрежата, ги повика корисниците да ги „пронајдат на другите места каде што ги читате вестите“. Извршниот директор на NPR, Џон Лансинг, изјави дека одлуката на Twitter „неприфатлива“. Радиото NPR, е влијателен американски медиум, а се тврди дека наводно помалку од еден отсто од оперативниот буџет доаѓа од сојузни извори.

Британскиот јавен сервис BBC барал од Twitter објаснување за таквата нова ознака.

„BBC е независен и секогаш бил. Нѐ финансира британската јавност преку претплата“, објави британскиот медиум опишувајќи го начинот преку кој се финансираат главно европските јавни сервиси. Претплатата, чиј износ го одредува британската влада, се плаќа 159 фунти годишно.

Профилот на BBC на Twitter, кој има 2,2 милиони следбеници, ја доби ознаката, додека популарните профили поврзани со ударните вести и спортските изданија на корпорацијата моментално не се опишуваат на тој начин. Ист е случајот и со другите профили на NPR, како што е музичкиот.

Сопственикот на Twitter, Илон Маск, го опиша BBC како една од „најмалку пристрасните“ организации, откако телевизиската куќа се спротистави да биде означена како „медиум кој го финансира владата“.

„Би требало да напомнам дека го следам BBC News на Twitter, бидејќи мислам дека е меѓу најмалку пристрасните“, порача Маск.

Во случајот на NPR, пак, Маск напиша дека принципот едноставно е „правичен и еднаков пристап“, па „доколку не-американските сметки ги означуваме како владини, тогаш би требало да го сториме истото и за американските, но звучи како тоа тука можеби да не е точно“.