![rkelly](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/06/rkelly.jpg?resize=640%2C426&ssl=1)
Американскиот аренби пејач Ер. Кели осуден е во средата на 30 години затвор поради тоа што со децении ја злоупотребувал својата слава и богатство за да мами жени и малолетнички и да ги присилува на сексуални активности.
Пресудата ја донела американската окружна судијка Ен Донели во сојузниот суд во њујоршки Бруклин.
Педесет и петгодишниот Кели беше осуден ланскиот септември по судењето коешто траеше пет и пол седмици, а во текот на кое дополните беа проширени обвинувањата, коишто пејачот добитник на Греми за хитот „I Believe I Can Fly“ го следат уште од почетокот на 2000-та години.
Кели стана една од најистакнатите познати личности осудени за непристојно и насилно сексуална однесување, откако беше покренато движењето #MeToo.
Претходно во средата, неколку жени кои сведочеле против Кели во текот на судскиот процес изјавија дека им ветувал менторство и помош при остварувањето успех, по што ги подложувал на понижувачко сексуално однесување и физичко насилство. Многу од нив рекле дека поради злоставувањето имале долготрајни последици по нивното психичко здравје.