Американски разурнувач се обидел да навлезе во води во кои се одржувале руско-кинески маневри

Разурнувачот „Chafee“ на американски воено-поморски сили во петокот претпладнето п оседноевропско време се обидел да навлезе во руските теротиријални води во близина на Владивосток на далечниот исток, соопшти во рускот министерство за одбрана.

Инцидентот се случил во попладневните часови по локално време, а рускиот противподморнички брод „Адмирал Трибуц“ побарал од американскиот брод. Оваа област била претходно затворена за секаква пловидба поради изведувањето вежби со артилериска стрелба во рамките на руско-кинеските воени маневри.

„Денеска 15-ти октомври, околу 17 часот по локално време, разурнувачот на американската воена морнарица Chafee (DDG 90), кој веќе неколку дена е активен во акваториумоте на Јапонското Море, се приближи до територијалните води на Руската Федерација и се обиде да ја премине државната граница“, се наведува во соопштението на руското министерство за одбрана.

Разурнувачот „Chafee“ првично ги игнорирал предупредувањата од руската страна и продолжил во обидот за нарушување на руската граница во Јапонското Море. На повтореното предупредување, од американската страна било сигнализирано дека од палубата се подготува хеликоптер и не можат да ја сменат крусот и брзината и продолжил со пловидба кон заливот Петар Велики. Поради тоа, рускиот брод започнал со маневри за истиснување на натрапничкото пловило, а „Chafee“ скршнал од курсот дури откако растојанието меѓу двата брода изнесувала помалку од 60 метри.

„Разурнувачот Chafee, убедувајќи се во одлучноста на екипажот на рускиот брод да не дозволи нарушување на државната граница, го смени правецот и во 17,50 часот се сврти во спротивна насока, кога до Адмирал Трибуц останаа помалку од 60 метри“, објави руското министерство.

Москва истакнува дека американскиот екипаж направи „флангрантно кршење“ на Меѓународните правила за спречување судири на море и руско-американскиот меѓувладин договор за спречување инциденти на отворено море и во воздушниот простор над него до 1972 година.