Американски сајбер напад врз проруските власти во Луганск

Американски компании „под покровителство на Пентагон“, извршиле голем број неуспешни кибернетички напади врз мрежната страница на Народната милиција на која се објавуваат информации за воените злосторства во нападите на украинските единици, објавија во неделата властите на проруската источна самопрогласена „народна република“ во Луганск.

„Американските корпорации активираа бот-мрежа од 455 милиони заразени компјутерит на континентот за напад врз комуникациските јазли од Луганската Народна Република. По серијата неуспешни напади… на веб-страницата на народната милиција, аметиканските единици за кибернетичка безбедноста, всушност контролирани од хакери кои работата под покровителство на Пентагон, почнаа да ги напаѓаат преклопните јазли кои го пренесуваат мрежниот сообраќај во Русија и други држави“, се наведува во објавата од Луганск кој го цитира агенцијата РИА:

Се додава дека станува збор за системска државна активност „со санкциите на високи државни функционери, и челните менаџери на корпорации“ во Луганск. Според проруската милиција, меѓу локациите од кои се изведувани сајбер-нападите, се ги големи компании како Microsoft, Google, Digital Ocean, Oracle.

„Откриени се алгоритамот на нападите и IP адресите на провајдерите, во најскоро време проблемот ќе биде отстранет“, се додава во соопштението.

Силите од Луганск, исто така, наведува дека од 15-ти февруари, односно девет денови пред почетокот на руската офанзива во Украина, се спречени 38 кибернетички напади „насочени кој системот за управување, сервери на хостинг провајдери и обиди за заразување“ на нивната официјална мрежна страница.