Истакнатиот републикански сенатрор Линдзи Греам во неделата вети истрага по наводите на поранешниот вршител на должноста директор на Федералното биро за истраги (FBI) дека заменикот министер за правосудство Род Розенстејн разговарал за отстранување на претседателот Доналд Трамп од должноста во 2017 година.
„Постои тврдење на тогашниот привремен директор на FBI дека заменикот министер за правосудство всушност се обидувал да изведе административен удар, да го урне претседателот со постапката којашто ја предвидува 25-от уставен амандман. Заменикот минитер за правосудство тоа го негира. Затоа, вам, на гледачите, ви го ветувам следното: ќе спроведеме сослушување за тоа кој ја зборува вистината и што всушност се случило“, изјави сентарот Линдзи Греам за емисијата „Face The Nation“ на телевизиската мрежа CBS News.
Поранешниот вршител на должноста директор на FBI, Ендрју Меккејб, во интервјуто емитувано во неделата доцна ноќта рече дека Розенстејн бил толку загрижен од одлуката на Трамп да го отпушти директорот на FBI, Џејмс Коми, во мај 2017 година и дека разговарал за поттикнување на членови на кабинетот на претседателот да го активираат 25-от уставен амандман и да го отстранат Трамп од должноста. Овој амандман му овозможува на потпретседателот да ја преземе должноста претседател, доколку тој и мнозинството од кабинетот објават дека претседателот е неспособен да ја извршува својата должност.
„Разгледувањето на 25-от амандман беше…. Едноставно, Род го постави тоа прашање и раговараше за тоа со мене во контекстот на размислувањата колку членови на кабинетот би можеле тоа да го поддржат… Заменикот министер за правосудство дефинитивно беше многу загрижен поради претседателот, неговите способности и намерите во тој момент“, рече Мекејб во емисијата „60 Minutes“, исто така, на телевизијата CBS News.
Меккејб, исто така, ги повтори обвинувањата кои првпат се појавија минатата 2018 година дека Розенстејн сугирирал да биде озвучен за тајно да го сними претседателот Трамп. „Не се шегуваше. Беше смртно сериозен“, рече Меккејб.
Розенстејн негираше дека разговарал за соборувањето на Трамп или дека нудел да биде озвучен при средбите со претседателот.
Меккејб ја презема должноста од Коми, но поднесе оставка во јануари 2018 година. Остана службеник во FBI, но доби отказ само 24 часа пред пензионирањето во март. Во моментов ја промовира својата книга „Закана: Како FBI ја штити Америка во време на теророт и Трамп“.
Меккејб за „врската“ меѓу Трамп и „најлошиот непријател“ на САД
Во неделното интервју рече дека и поводот за истрагите против Трамп за тоа дали американскиот претседател ја опструирал истрагата за наводното руско мешање во американските претседателски избори во 2016 година и дали дејствувал во име на руските власти биле дел сопствени изјави на Трамп меѓу кои е и барањето на претседателот Коми да се откаже од истрагата против неговиот советник за национална безбедност Мајкл Флин кој подоцна ја призна вината дека лажел пред FBI за неговите контакти со рускиот амбасадор во Вашингтон, веднаш по изборите но кога сѐ уште не бил овластен за тоа.
Меккејб тврди и дека Трамп со седмици ја поткопувал ткн руска истрага и барал од Розенстејн да го вклучи споменувањето на Русија во документите со кои се оправдува отказот за Коми, а што Розенстејн одбил да го стори.
Трамп на челниците на FBI, инаку, им забележуваше за затворањето на истрагата против неговата противкандидатка, демократката Хилари Клинтон, за незаконско користење на приватен сервер и приватна електронска адреса за доверлива дипломатска преписка во периодот кога беше државна секретарка. со што според законите се загрозува националната истрата. Бирото ја затвори истрагата без подигнување обвинение.
„Ако претседателот ја попречувал правдата, ги избрка директорот на FBI за негативно да влијае или да ја згасне истрагата за малигните руски активности и како со тоа можеби би ја поддржал својата кампања, како контраразузнавачки иследник би сте се запрашале: Зошто американскиот претседател би го сторил тоа? Сите вакви видови факти ве тераат на размислување дали има тука непримерни односи, врска меѓу овој претседател и нашиот најлош непријател, руските власти?“, рече Меккејб.
Додаде и дека Трамп не им верувал на своите разузнавачки извори за тоа дали Северна Кореја е способна да ги погоди САД, со своите балистички ракети. Претседателот рекол дека не верува оти Пјонгјанг има такви способности бидејќи рускиот претседател Владимир Путин тоа го рекол, тврди Меккејб.
„Разунавачки функционери одоворител дека тоа не е во согласност со податоците со коишто располага американската влада, на што претседателот одговори: Многу ми е гајле. Му верувам на Путин“, тврди Меккејб.