
Американски судија го одби во средата барањето на британскиот принц Ендрју да ја отфрли тужбата на Вирџинија Џуфре, којашто го обвинува дека сексуално ја злоставувал кога имала 17 години, и дека ја продавал претходно самоубиениот во притворот американски финансиер Џефри Епштејн.
Судијата во окружниот суд на Менхетен, Луис Каплан, изјави дека е прерано за разгледување на барањето на британскиот принц да бидат проблематизирани нејзините обвинувања, иако тој тоа ќе може да го стори на судењето.
Каплан, исто така, рече дека е прерано да се донесе одлука дали Џуфре и Епштајн имале намера да ги ослободат од вина луѓето како што е принцот Ендрју според нивниот договор за спогодба од 2009 година. Таквите спогодби може да ги ограничат обвинителите да бараат нови судења, дури и против трети страни.
Адвокатите на принцот Ендрју и на Џуфре досега не се огласија на барањата на медиумите да ја коментираат одлуката на судијата Каплан.
Принцот Ендрју претходно негираше дека ја присили Вирџинија Џуфре на секс пред повеќе од две децении во лондонскиот дом на Гислејн Максвел, поранешната соработничка на Џефри Епштајн, како и дека ја злоставувал и на уште два други имота на Епштајн.