Американски свештеник во 26 години погрешно крстел илјадници луѓе

Илјадници католички верници од Соединетите држави можеби ќе мора повторно да се крстат, откако црквата откри дека свештеник цели 26 години употребувал погрешни зборови во текот на крештевката.

Свештеникот Андрес Аранго во Феникс четврт век во текот на обредот на првата света тајна во христијанството ги изговарал зборовите „Те крштеваме во името на Отецот и Синот и Светиот Дух“, наместо „Те кршевам“, како што наложува Ватикан.

Зошто разликата меѓу еднината и множината е толку важна, како впрочем и во православието, за американските медиуми појаснува бискупот на Феникс, Томас Олмстад.

„Не е заедницата таа којашто ја крштева една личност и ја вградува во Црквата Христова, туку Христос, и само Христос ги предводи сите свети тајни. Значи, Христос е тој кој крштева“, вели бискупот.

Грешката на отецот Аранго бил откриена кон средината на минатата 2021 година, чеврт век откако почнал да работи како свештеник, изјави во вторникот за агенцијата AFP, портпаролката на бискупијата Кети Барк.

„Отец Аранго користел неточна терминологија од почетокот на своето свештенство сѐ додека на тоа, минатото лето, не ми обрнала внимание бискупијата. Немам податоци за точниот број луѓе крстени меѓу 1995 и 2021 година, но верувам дека се бројат во илјадници“, рекла Барк.

Откако грешката излегла на виделина, отецот Аранго ја напуштил својата дотогашна должност „за да се посвети на исцелувањето и помагањето на жртвите на оваа грешка“, додала портпаролката на бискупијата.

„Бискупијата тесно соработува со отец Аранго и со парохиите во кои претходно делувал. Таму се организира повторно крштевање на сите кои ја промиле светата тајна на погрешен начин“, додала.

Крштевањето за христијанските верници е една од најважните свети тајни, бидејќи само крстените по смртта можат да одат во рајот.

Црковните познавачи велат и дека проблемот се состои и во тоа што крштевањето е првата света тајна, па потоа не се валидни ниту оние кои следат, како што се првата причест и миропомазанието. Можно е дека оние кои се погрешно крстени да мора да ги повторат и другите свети тајни.

Бискупијата во Феникс отвори интернет страница на којашто одговара на бројните прашања од збунетите и загрижени парохјани. Меѓу најчесто поставуваните прашања се „Влијае ли тоа на мојот брак?“ и „Морам ли да се исповедам?“.