Американски удар врз сомалиските групи поврзани со Ал Каеда

Американските воздухопловни сили извеле и втор удар врз милитантите на радикалната исламистичка групација Ал-Шабаб во Сомалија, потврди во петокот портпаролката на американското министерство за одбрана, Синдиој Кинг.

Во средата изданието Hill, повикувајќи се на изјава на Кинг, објави дека Пентагон го извел првиот воздушен напад во мандатот на претседателот Џо Бајден во странство и тоа против борците на Ал-Шабаб.

Своите активности американските сили ги координирале своите активности со владата на Сомалија. Според процените на американската команда, немало настрадани цивили во воздушните удари.

„Министерството за одбрана може да потвди дека денеска, во координација со федералната влада на Сомалија, агриканската команда на вооружените сили на САД изведе воздушен удар врз Ал-Шабаб во областа Галмудуг во Сомалијата“, рече Кинг.

Додаде дека американските сили од далечина ги советувале и давале препораки за вооружените сили на Сомалија.

Радикалната групација Ал-Шабаб (Движење на ладите муџахедини) кое со странска помош и ангажман на здружени сили на африканските земји беше пред повеќе години истиснато од сомалиската престолнина Могадишу во провинциите, одржува тесна врска со меѓународната терористичка мрежа Ал Каеда. Покрај терористички акции во урабните средини, движењето ја продолжува борбата за соборување на централната влада на Сомалија и истровремено ги попречува хуманитарните активности на Обединетите нации предизвикувајќи криза и глад во разорената земја.