Американски воено летало со четири лица се урнал во северна Норвешка, потврдиле во петокот за Reuters од Заедничкиот центар за координација и спасување (JRCC).
Леталото од моделот „V-22 Osprey“ учествувал во воените маневри на НАТО под називот „Студен одговор“ (Cold Response) кога е пријавено неговото исчезнување во 18,26 часот по локално време, изјавиле од JRCC.
Авионот учестувал во вежби и требало да слета во 18 часто, во лоши временски услови на тоа подрачје кои дополнително се влошувале.
„Го пронајдовме од воздух. Го пронајдовме откако е примен сигнал за итност. Судбината на луѓето во авионот засега не е позната“, додал портпаролот на JRCC.