Американскиот актер и комичар Боб Њухарт почина во четвртокот на 94-годишна возраст во својот дом во Лос Анџелес по низата кратки заболувања, изјави неговиот долгогодишен публицист Џери Дигни.
Агентот на актерот изјавил дека Њухарт избегал од здодевната сметководствена работа за да стане мајстор на стилот на излагањео со пелтечење, мртов хумор и стенд-ап комичар, а подоцна продолжил да се занимава со телевизиска глума.
Тој имаше две хит шоуа – прво играше психолог на „The Bob Newhart Show“ (Шоуто на Боб Њухарт) од 1972 до 1978 година, потоа гостилничар во Вермонт на „Њухарт“ од 1982 до 1990 година. Во двете серии, тој се потпираше на блутав, обичен маж во кардиган, лик кого го збунуваат чудните луѓе околу него.
Девет пати беше номиниран за наградата Еми, но ја освои дури во 2013 година, кога му беше доделена за гостување во серијата „The Big Bang Theory“ (Теоријата на големиот тресок).
Неговиот албум во живо со комедиски монолози од 1960 година, „The Button-Down Mind of Bob Newhart“, беше огромен хит и стана првиот комичен албум на врвот на топ листите и му донесе три Греми награди.
Ликовите на Њухарт имаа карактеристично пелтечење, за што рече дека не е глума, туку начинот на кој тој навистина зборува.
Њухарт е роден на 5 септември 1929 година во Оук Парк предградието на Чикаго, а дипломирал на Универзитетот Лојола во Чикаго во 1952 година. Во доцните 1950-ти, се занимавал со монотоната сметководствена работа, па почнал да пишува комични кечеви со колега како диверзија, а што го довело до настапи на радио и на крајот склучил договор со филмската и телевизиската продукциска компанија „Warner Bros“.
Тој, исто така, се појави во бројни филмови, вклучувајќи ги „On a Clear Day You Can See Forever”, „Catch-22″ и „Elf”. Во 2002 година ја доби наградата Марк Твен од Кенеди Центарот за американски хумор.
Њухарт беше се запознал со неговата идна сопруга Вирџинија со посредување накомичарот Бади Хакет, а со која се ожени во 1964 година. Тие имаа четири деца, а Вирџинија Њухарт почина во 2023 година.