![677z381_Tan2023-0-63e4237f4330e](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/677z381_Tan2023-0-63e4237f4330e.jpg?resize=677%2C381&ssl=1)
Американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил, во средата вечерта изјави дека Србија треба да се приклучи кон западните санкции против Русија, оценувајќи дека тоа е во нејзин интерес бидејќи ставовите на Белград и Брисел кон Москва се различни.
„Мора да се спротивстави на злото, а Европската унија го прави тоа“, рече Хил на генералното собрание на Американската стопанска комора во Србија.
Хил, истакнувајќи дека српските граѓани имаат искуство со меѓународни санкции, изјави дека има разлики меѓу ЕУ и Србија, а една од нив е и одбивањето на Белград да воведе санкции кон Москва.
„Неопходно е Србија да работи во согласност со своите интереси и да влезе во ЕУ. Србија има право да сака да влезе во ЕУ“, истакна Хил, додавајќи дека процесот за пристапување во Унијата „потребно е трпение“.
Американскиот дипломат смета дека „моралниот компас на Србија треба да биде насочен кон Западот, бидејќи Србија е дел од Европа“. Решението на косовскиот проблем го гледа како „важно прашање не само за Белград и Приштина, туку и за Унијата“.
Хил потсети дека и по една деценија од потпишувањето на Бриселскиот договор (во април 2013 година), проектот за формирање на Заедницата на српските општини во поранешната јужна српска покраина Косово и Метохија која еднострано во 2008 година со поддршка на Западот проглеси независност, сѐ уште не е завршен и додаде дека постигнувањето договор зависи од „напорите, упорноста и креативноста“ на Белград и Приштина.
За Белград, формирањето на ЗСО е клучна точка за продолжување и напредок на дијалогот со Приштина, додека албанскитеи власти во Приштоина таквата заедница ја гледаат само по меѓусебното признавање што Белград децидно го одбива, но не како моноетничка, туку „во согласност со Уставот на Република Косово“.
Во средата вечерта Хил им порача на бизнисмените дека посилна и постабилна Србија е во интерес на странските инвеститори и на Вашингтон.
„Иднината на Србија е членство во ЕУ, за тоа нема алтернатива“, нагласи американскиот амбасадор во Белград.