Американскиот тим „БМЦ Рејсинг“ е поедник на екипниот хронометар кој денеска се одржа на Тур де Франс, а третата етапа од турот се возеше во должина од 35 километри во Шоле. Тимот на „БМЦ“, Порт, Ван Гардерен, Карузо, Ван Авермат, Бевин, Геранс, Кунг и Шар, забележа најдобро време од 38:46, додека втори беа британскиот тим „Тим Скај“ на бранителот на титулата, Крис Фрум со четири секунди послабо време.
Трето време и седум секунди заостанување имаше белгискиот тим „Квик Степ Флорс“.
Во генералниот пласман жолтата маичка од Словакот Петер Саган ја презеде Белгиецот Грег Ван Авермат од „БМЦ Рејсинг“. Неговиот тимски колега, американецот Тиџеј Ван Гардерен го придружува на второто место, додека трет е Британецот Герант Томас со три секунди разлика.
Крис Фрум успеа да го намали заостатокот во генералниот пласман зад водечките велосипедисти, па сега е 18 со 55 секунди заостанување зад Белгиецот.
Утре ќе се вози четвртата етапа во должина од 192 километри од Ла Бол кублака до Сарзоа.