Американскиот дипломат Палмер доаѓа на средби со македонските политички челници

Американскиот дипломат Метју Палмер ќе учествува на прославата на Илинден во Крушево на 2-ри август и ќе се сретне со официјални претставници на локалните власти надвор од Скопје.

Метју Палмер, вршител на должноста заменик помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, ќе ја посети Република Македонија од 1-ви до 3-ти август, за да ја искаже поддршката на САД за Договорот од Преспа со Грција, како и за прогресот на земјата кон членството во НАТО и во ЕУ.

Вршителот на должност заменик помошник државен секретар Палмер ќе се сретне со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев и со лидери на политички партии.

Ќе учествува на прославата на Илинден во Крушево и ќе се сретне со официјални претставници на локалните власти надвор од Скопје.