Американскиот дрон се урнал крај Крим без контакт, потврди Москва

Американско беспилотно летало ги наруши границите на областа на Кримскиот полуостров каде на сила е режимот на користење на воздушниот простор над Црното Море воспоставен по почетокот на руските воени операции во Украина и се урнал во Црното Море по пресретнување од руските ловци, соопшти руското Министерство за одбрана во вторникот вечерта, откако претходно американската страна објави дека дронот се урнал по судар со руски борбен авион.

Станува збор за инцидент којшто, се чини, е остварување на предупредувањата на Москва дека западната воена техника која ѝ помага на украинската војска во операциите на боиштето ќе биде цел на руските одбранбени средства.

„Утрото на 14-ти март над Црното Море во регионот на Кримскиот полуостров, контролата на воздушните сили регистрираше лет на американско беспилотно летало MQ-9 во правец на државната граница на Руската Федерација“, се наведува во соопштението од Москва.

Како што истакнува руското Министерството за одбрана, американскиот дрон го изведувал летот со исклучени транспордери, уреди за идентификација на леталата, кој „ги наруши границите на областа на привремениот режим за користење на воздушниот простор воспоставен за спроведување на специјалната воена операција, објавен во согласност со меѓународните стандарди и доставен до сите корисници на меѓународниот воздушен простор“,

Се додава дека дронот како резултат на остри маневрирања во неконтролиран лет по што ја загубил височината и се судрил со морската површина.

„Руските ловци не го користеа вооружувањето, не стапија во контакт со беспилотното летало и безбедно се вратија на матичниот аеродром“, се вели во руското соопштение.

Станува збор за американски воен шпионски дрон од моделот „MQ-9 Reaper“, за чиешто визуелно идентификување и пресретнување биле испратени два борбени ловци „Су-27“.

Во меѓувреме Пентагон објави дека американските сили биле принудени да го соборат своето летало „ MQ-9 Reaper“ поради настанатата штета по наводниот удар од рускиот авион.

„Поради оштетувањето бевме во позиција всушност да мораме да го собориме во Црното Море“, изјави за новинарите американскиот генерал Пат Рајден додавајќи дека по оштетувањето дронот не можел да лета, како и дека Русија не го пронашла собореното летало.

Според американската команда, еден од двата руски ловци околу 7,03 часот утрото по средноевропско време се судрил со американското беспилотно летало, по што тоа се урнало во Црното Море, но во соопштението не се наведува областа во која се случил инцидентот.

„Нашето летало MQ-9 изведуваше рутински операции во меѓународен воздушен простор кога го пресретна и удри руски авион, што резултираше со пад и загуба на MQ-9“, истакна во писмена изјава генералот на американската воена авијација Џејмс Хекер, кој ги надгледува американските воздухопловни сили во регионот на Црното Море.

Генералот Хекер тврди дека неколкупати пред сударот, руските борбени авиони испуштиле гориво врз американското бесплатно летало и летале пред него во несигурни маневри, а еден од нив удрил во неговиот пропелер по што се урнало.

„Всушност, тој несигурен и непрофесионален чин на Русите за малку ќе предизвикал пад на леталото

Американската команда наведе во соопштение дека инцидентот „го следеше образецот на опасно однесување на руските пилоти кои дејствуваат во близина на американските и сојузничките авиони, вклучително и над Црното Море“.

Американскиот претседател бил известен за инцидентот над Црното Море, изјави портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби, без да ја прецизира областа на инцидентот.

„Иако имаше и други такви пресретнувања на ова треба да му се обрати внимание бидејќи било несигурно и непрофесионално и предизвикало уривање на американско летало. Значи, единствено е во тој поглед. Стејт департментот ќе разговара директно со своите руски колеги и ќе ја изрази нашата загриженост поради ова несигурно и непрофесионално пресретнување“, изјави Кирби.