Американскиот извоз на дизел во Европа речиси преполовен во февруари

Американскиот извоз на дизел гориво во Европа е речиси преполовен во февруари поради поправки по бранот на студ и работите за одржување на рафинериите.

Европскиот увоз на американски дизел падна на 6,65 милиони барели од почетокот на месецот, од 11,44 милиони барели во јануари, што е највисоко ниво од август 2017 година, според анализата на компанијата за следење бродови „Kpler“.

Цените на дизелот во САД накратко го достигнаа највисокото ниво во последните четири месеци во февруари, надминувајќи 48 долари за барел.

Тешкотиите во испораката на дизел од САД дополнително го влошија недостигот во понудата на Европа, која некогаш се потпираше на рускиот извоз. Многу добавувачи од Блискиот исток и Азија беа принудени да ги пренасочат испораките околу ‘Ртот на добрата надеж поради кризата во Црвеното Море, што резултираше со одложувања и повисоки цени.

Се чини дека европскиот дизел е клучниот производ на ризик поради пренасочување на снабдувањето и достапноста на снабдувањето, напишаа аналитичарите на „Macquarie“ во белешка овој месец.

Извозот падна откако рафинеријата „Whiting“ во американската сојузна држава Индијана, која произведува 435.000 барели дневно, беше затворена на почетокот од февруари по прекин на електричната енергија. Неколку постројки ја запреа работата поради студениот бран во средината на јануари, како што е рафинеријата на „TotalEnergies“ во Порт Артур, во Тексас, со капацитет од 238.000 барели. Објектот „Motiva Enterprises“ во Порт Артур, кој обработува 626.000 барели дневно, исто така, ја запре преработката заради одржувањето.

Стапката на искористување на рафинериите во САД паднаа од речиси 93 отсто на почетокот на годината на 80,6 отсто во февруари, што е најниско ниво од декември 2022 година, според владините податоци.

Цените на дизелот во северозападна Европа продолжија да растат во текот на февруари, надминувајќи ги во просек 118 долари за барел, во споредба со 109 долари пред една година. Со оглед на тоа што европските рафинерии треба да го изведвуаат редовните ремонти во март и април, цените на дизелот во Европа би можеле уште повеќе да се зголемат, што би можело да ги заживее испораките на дизел во САД, смета аналитичарот на „Kpler“, Мет Смит.