Американскиот командант разговарал со белорускиот колега за безбедноста

Началникот на Здружениот штаб на американската војска, генералот Марк Мили, разговарал телефонски во четвртокот со белорускиот колега, генералот Виктор Гулевич, за да спречат можни „несреќни инцидентит“ во моментот кога започнаа важните заеднички воени вежби ма Русија и Беорусија а истовремено и во Украина, со инструктори од САД и Велика Британија.

Станува збор за првиот телефонски разговор на двајцата високи офицери, а неговата цел била да се намалат ризиците од инциденти и „размена на ставовоте за европската безбедност во овој момент, истакнал портпаролот на американскиот Здружен штаб, полковникот Дејв Батлер во куса изјава за новинарите.

„Двајцата генерала се договорија дека поединостите од разговорот ќе бидат приватни“, додал Батлер.

Од своја страна министерството за одбрана на Белорусија на својот Telegram канал ги потврди телефонскиот разговор меѓу генералите Гулевич и Мили и притоа кусо наведува дека станувало збор за безбедносни прашања и прецизарајќи дека се одвивал „на иницијатива на америакснакта страна“.

Руските и белоруските сили во четвртокот започнаа големи воени вежби во Белорусија, која граничи со Украина којашто е во фокусот на големите тензии поради обвинувањата од Западот дека Москва распоредила над 100.000 војници на границата на Украина и дека наводно планира инвазија врз оваа земја.

Американското разузнавање проценува дека на вежбата во Белорусија учествуваат 30.000 руски војници, но министерството за одбрана во Москва објави дека се распоредени 13.000 војници. Киев ја осуди вежбата како средство за „психолошки притисок“ од Москва.