Комисијата на американскиот Конгрес побара од Министерството за правда и Фдералното биро за истраги (FBI) да ги истражат кинеските пливачи кои биле позитивни во 2021 година но не беа санкционирани, случај што ја тресе глобалната борба против допингот два месеца пред Олимписките игри во Париз, пишува AFP.
Комитетот на Претставничкиот дом бара од FBI да го искористи Законот Родченков за да истражи 23 кинески пливачи кои биле позитивни, но не биле санкционирани во 2021 година. „Законот Родченков“, усвоен во декември 2020 година, им дозволува на Соединетите држави да го гонат секое лице, без разлика на неговата националност, вклучени во меѓународниот допинг систем.
„Овој скандал покренува сериозни правни, етички и натпреварувачки прашања и може да претставува поширока државна стратегија за допинг од страна на Народна Република Кина за неправедно да се натпреварува на Олимпијадата, како што Русија веќе направи и за што е казнета“, се вели во писмото на Комитетот.
Речиси еден месец Светската антидопинг агенција (WADA) беше под микроскоп откако весникот The New York Times и германскиот јавен (државен) канал ARD објавија дека 23 кинески пливачи биле позитивни на „триметазидин“, кој може да ги подобри перформансите, на почетокот на 2021 година и никогаш не биле санкционирани, а неколку месеци пред Олимписките игри во Токио.
Американската антидопинг агенција (USADA) ја обвинува WADA, која е делумно финансирана од Меѓународниот олимписки комитет (IOK), за намерно прикривање на аферата.