Американскиот Конгрес пред договор за нови, можеби и „превентивни“ санкции против Русија

Американскиот конгрес е близу постигнување договор за нацрт-закон кој предвидува уште економски санкции против Русија кои би можеле да бидат применети и „превентивно“, изјави во неделата влијателниот демократски сенатор Боб Менендез, повторно заканувајќи ѝ се на Москва дека ќе претрпи „сериозни последици“ доколку наводно ја нападне Украина.

Одговарајќи на прашање на телевизијата CNN за соработката меѓу демократите и рапубликанците за новите санкции против Русија, Менендез кој е шеф на надворешнополитичкиот комитет на Сентатот изјави дека двете фракции се близу договор.

„На чекор сме до целта, се надеваме дека ќе успееме… Нема збор дека постои неворојатна решителност во двете партии да ѝ се помогне на Украина (…) и Русија да претрпи сериозни последици доколку ја нападне Украина“, рече Менендез.

„Не можеме да имаме нов Минхен“, додаде Боб Мендез алудирајќи на конференцијата и договорот потпишан во 2938 година меѓу фашистичка Германија со Велика Британија и Франција за кој се цени дека и покрај намерите не успеал да го спречи почетокот на Втората светска војна.

Републиканскиот сенатор Џим Риш, во заедничката изјава за CNN, го потврдил ставот на демократскиот колега, истакнувајќи дека „пратениците од двете партии работеа 24 часа на ден овие денови“ за да постигнат консензуст.

Иако се согласни во врска со воведувањето санкции за Русија, републиканците и демократите, напротив, повеќе се поделени во врска со прашањето кога тие треба да стапат на сила. Републиканците се залагаат за ткн „првентивни“ санкци кои би биле воведени веднаш и пред наводната инвазија на Русија врз Украина, а демократите сакаат тие да бидат своевиден „Дамоклов меч“ кој ќе падне во случај на руска офанзива.

Според Менендез, некои санкци сепак би можеле да бидат воведени веднаш откако ќе биде прифатен нацрт-законот „поради она што Русија веќе го сторила“, сметајќи ги притоа сѐ уште неидрнтификуваните хакерски напади во Украина и на нејасно дефинираната „кампања за поткопување на украинската влада на меѓународно ниво“.

„Разорните санкции коишто ќе ја скршат Русија ќе се случат кога (рускиот претседател Владимир Путин) ќе нападне“, рече Менендез а Риш додаде дека Путин „.. Мора да плати голема цена, доколу се реши за војна а не за дипломатија“.