Американскиот Конгрес усвои закон кој ја штити правата во геј-браковите

Претставничкиот дома на американскиот Конгрес го усвои во вторникот законот кој ги штити правата на хомосексуалните бракови, откако одлуката на Врховниот суд ја поништи пресудата „Ро против Вејд“ од 1970-те години со која абортусот беше легализиран во целите САД, и стравот на неолибералните струи дека се загрозени слични судски преседани со кои се штитат правата на истополовите односи и бракови.

Предлог-законот, усвоен со 267 наспроти 158 гласови во Претставничкиот дом во кој мнозинството го имаат демократите на претседателот Џо Бајден, воспоставува сојузна заштита за геј-браковите но има и ригидна одредба со којашто му забранува на секој да ја негира оправданоста на брак врз основа на расата или полот на двојката. Законот е донесен со поддршка на 47 републиканци, забележуваат медиумите.

Сега следува гласањето во горниот дом Сенатот, каде што ќе се соочи со нејасен исход во рамномерно поделените мандати. Пред гласањето во Претставничкиот дом, париското водство на републиканците ги упати конгресмените да гласаат според сопствената совест, но сега не е познато дали тоа ќе биде повторен и при изјаснувањето на сенаторите.

Претседателот на Комисијата за правосудство во Претставничкиот дом ги поддржа споменатиот предлог-закон, откако сојузното право на абортус беше укинато кога Врховниот суд ја поништи пресудата без преседан „Ро против Вејд“ од 1973 година, тогаш изгласана благодарејќи на тогашното либерално демократско мнозинство во највисоката судска инстанца во САД.

Во усогласеното мислење во врска со правото на абортус, судијата Кларенс Томас наведе дека судот, исто така, би требало да ги преиспита своите претходни пресуди кои гарантираа пристап на контрацепција и правото на геј-рак од 2015 година, бидејќи се засноваат на исти правни аргументи како и контроверзната пресуда „Ро против Вејд“.

Повеќе републиканци во Конгресот се согласуваат со аргументите на врховниот судија Томас. Влијателниот републикански сенатор Тед Круз во саботата изјави дека Врховниот суд своевремено „очигледно згрешил“ кога го воспоставил сојузното право на хомосексуалните бракови.

Демократите, пак, тврдат дека Конгресот мора правото на хомосексуалните бракови да го внесе во сојузен закон, доколку Врховниот суд тргне во преиспитување на своите претходни пресуди.

„Драгоцените права и слободи ќе исчезнат во облакот на радикалната идеологија и сомнителното правно размислување“ тврдеше во соопштението од понеделникот демократот Џеролд Надлер без да се осврне дека слободата се укинува и во вчера изгласаниот текст на предлог-законот со кој се забранува изјаснување и коментирање на геј-браковите на кои се додаваат лукаво и расните бракови.

Според сега усвоениот предлог-закон во Претставничкиот дом, сојузните држави и натаму би можеле да ги ограничуваат хомосексуалните бракови доколку Врховниот суд ја поништи својата претходна пресуда донесена во драстични поинаков состав и распоред на силите на конзервативните и ткн „прогресивни“ судии, но би морале да ги признаат таквите бракови склучени во сојузните држави во кои тие се сѐ уште легални.

Претставничкиот дом ќе гласа во четвртокот за предлог-законот со кој се гарантира пристапот до контрацепција ширум САД, што е уште еден закон кој судијата Томас го предложи за преиспитување.