Американскиот новинар Гершкович поднесе жалба против притворот во Русија

Американскиот новинар Еван Гершкович, кој минатата седмица беше приведен и обвинет за шпионажа во Русија, преку своите адвокати поднел жалба на одлуката на судот да му притвори, објави новинската агенција Интерфакс, повикувајќи се на судот.

Судот во Москва минатиот четврток одлучи новинарот на американскиот весник The Wall Street Journal да остане во истражен затвор до 29-ти мај. Целта на жалбата е да се укине таа пресуда.

Весникот The Wall Street Journal „жестоко ги демантираше“ обвинувањата против Гершкович, нарекувајќи ги „прекршување на слободата на печатот“ и повика на негово итно ослободување. Американскиот претседател Џо Бајден ја повика Русија „да го ослободи“.

Кремљ минатата седмица соопшти дека Гершкович бил „фатен на дело“, посочувајќи дека Гершакович собирал податоци за фабрика од воено-индустрискиот компллекс кои се квалифкикувни како доверливи. но не обезбеди докази.

Ова судење претставува најсериозен случај против американски новинар во Русија од крајот на Студената војна.

Во понеделникот, владин функционер рече дека го посетил Гершкович во неговата ќелија во московскиот затвор Лефортово, главниот истражен центар за осомничени од висок профил обвинети за шпионажа или предавство.

Гершкович е во карантин и не може да комуницира со надворешниот свет откако беше уапсен во градот Екатеринбург на Урал минатата недела. Главниот уредник на WSJ, Ема Такер, изјави за Times во понеделникот дека се надева дека Гершкович ќе може да разговара со адвокат „во одреден момент следната недела“.

Владата на САД прави големи напори за да обезбеди ослободување на новинарот на WSJ, приведен во Русија и внимателно ја следи неговата состојба, соопшти во понеделникот Белата куќа.

„Работиме многу напорно од моментот кога дознавме дека репортерот е приведен“, изјави за новинарите директорот за комуникации на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби.

Руската безбедносна служба ФСБ во четвртокот соопшти дека го уапсила Еван Гершкович, обвинувајќи го дека собирал информации за руска одбранбена компанија која била државна тајна.

Соединетите држави „активно, силно, внимателно“ го следат неговиот притвор, рече Кирби.

„Ќе направиме сѐ што можеме за да ги вратиме Еван и Пол Вилан дома“, додаде Кирби, мислејќи на поранешниот американски маринец кој отслужува 16-годишна затворска казна во Русија под обвинение за шпионажа, што тој и САД го негираат.

„Не се сомневаме дека ќе треба многу напорна работа, тоа не значи дека ќе бегаме од тоа“, истакна Кирби.