Цените на нафтата се задржаа стабилно на нивото од 87 долари на меѓународните пазари во четвртокот, бидејќи знаците за слабеење на побарувачката за работна сила во САД го намалија оптимизмот на трговците на почетокот на летната сезона на патувања.
На лондонскиот пазар цената на барелот попладнето беше пониска за 29 центи отколку на затворањето на тргувањето ден претходно и изнесуваше 87,05 долари. Вчера ја затвори трговијата во плус 1,10 долари. На американскиот пазар со барелот денеска се тргуваше по пониска цена од 40 центи, по 83,48 долари. Вчера го затвори тргувањето во плус од 1,07 долари.
Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) засебно извести дека во средата барелот од референтната нафтена кошничка на нејзините членки поевтинил за 37 центи, на 87,06 долари.
Трговувањето беше придушено во четвртокот поради Денот на независноста во САД, а во средата цените беа поттикнати од остриот пад на залихите на нафта во САД минатата седмицаа, за дури 12,2 милиони барели, според податоците на Министерството за енергетика.
„Залихите паднаа за неверојатни 12 милиони барели поради силниот извоз, намалениот увоз и зголеменото производство на рафинериите“, објаснува Мет Смит од „Kpler“.
Податоците покажаа и значителен пад на залихите на бензини на официјалниот почеток на летната сезона на патувања, за 2,2 милиони барели.
Расположението беше „засновано“ од податоците што сигнализираа слабеење на побарувачката за работна сила во САД. Сѐ повеќе граѓани аплицирале за надоместок за невработеност во последната седмица од јуни, покажуваат податоците објавени во средата, а бројот на невработени достигна највисоко ниво во последните две ипол години, што сигнализира слабеење на економската активност. Во вакви услови слабее и побарувачката на енергетски производи.
Аналитичарите забележуваат дека знаците на слабост може да ја поттикнат централната банка да го помести планираното намалување на трошоците за задолжување од декември во септември. Шансите за ваква одлука денеска се 74 отсто, оценуваат тие. До неодамна тие проценуваа дека се 65 отсто, наведува Reuters.
Показателите од германската економија, исто така, најавуваат тмурно лето, според падот на новите индустриски нарачки во мај за 1,6 отсто во споредба со претходниот месец, објави заводот за статистика. Падот го одразува наглото забавување на побарувачката од земјите надвор од Европа, покажува извештајот на Destatis.