Американскиот рокер Дејвид Крозби, ко-основачот на The Byrds&Crosby, Stills, Nash&Young, почина на 81-годишна возраст, објавија специјализираните американски списанија во четвртокот.
Магазинот Variety прв ја објави веста за смртта на култниот музичар кој остави длабока трага на рокот и фолк музика во 1960-те и 1970-те години, повикувајќи се на изјава на неговата сопруга Џен Денс, која рече дека починал по „долго боледување“.
Магазинот Rolling Stone ја потврди веста повикувајќи се на извор близок до уметникот. Variety објави и дека Крозби починал додека крај него биле сопругата и синот Џанго покрај него, но не го наведува датумот.
„Иако повеќе не е со нас, неговата хуманост и добрина ќе продолжат да бидат пример и извор на инспирација за нас. Неговото наследство ќе живее преку неговата легендарна музика“, се посочува во веста.
Како што истакнува Variety, веста за смртта на Дејвид Крозби е неочекувана затоа што неговиот профил на Twitter беше сè уште активен во средата.
Крозби е роден во Калифорнија на 14-ti август 1941 година. Неговите родители биле потомци на познати њујоршки семејства. Неговиот татко бил филмски работник и добитник на Оскар за најдобра фотографија. Пред да наполни 25 години, тој го основа бендот The Byrds, кој комбинира англиски рок и традиционален американски фолк.
„Не знам што друго да кажам: скршено ми е срцето“, напиша на Twitter Брајан Вилсон, поранешен член на Beach Boys.