Американскиот Сенат ја одложува зимската пауза и ги продолжува преговорите за помош за Украина

Се очекува американскиот Сенат да го одложи почетокот на зимскиот одмор додека продолжуваат двопартиските разговори за безбедноста на границите и обезбедување дополнителна помош за Украина и Израел, изјавија повеќе сенатори во четвртокот.

„Напредуваме и Белата куќа е вклучена, што е добро. Сè е охрабрувачко“, им рече на новинарите сенаторот Џон Тун, вториот по ранг републиканец во Сенатот, предупредувајќи дека „сега сè уште разговараат за концептите.”

Пратениците рекоа дека Сенатот ќе продолжи со работа во понеделник и ќе го одложи почетокот на зимскиот одмор.

Демократскиот претседател Џо Бајден ги повика пратениците да гласаат за дополнителен пакет безбедносна помош од 50 милијарди долари за Украина, која се соочува со руска инвазија, и за 14 милијарди долари помош за Израел, која води копнена офанзива во палестинската енклава Појасот Газа, како што вели, за уништување на радикалното исламистичко движење Хамас.

Претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Мајк Џонсон и другите републиканци во Сенатот во кој тесно мнозинство имаат демократите постојано изјавуваа дека ќе гласаат за воената помош на двете земји, само доколку таа е придружена со нови контроли на границата меѓу САД и Мексико.

Секој договор постигнат во Сенатот, каде демократите имаат мнозинство од 51 спрема 49 зашто глас има потпретседатлеката на САД, Камала Харис, ќе треба да биде потврден пред да стане закон во Претставничкиот дом под контрола на републиканците, каде што републиканците имаат мнозинство од 221 спрема 213.

Но лленовите на Претставничкиот дом го напуштија Вашингтон во четвртокот за да го започнат зимскиот одмор, како што беше планирано.

„Има премногу нешта на коцка за Украина, за Америка, за западната демократија за сега да се откажаме. Мораме да продолжиме да зборуваме, мора да продолжиме да разговараме“, рече водачот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер во говорот во четвртокот претпладнето по локално време.