Американскиот Сенат со големо мнозинство изгласа да се одобри влез на Црна Гора во НАТО.
Резолуцијата за Црна Гора е усвоена со огромно мнозинство од гласови на сенаторите од двете партии. Имено, 97 сенатори гласаа „за“, додека само двајца Ренд Пол и Мајк Ли беа „против“.
– Црногорското членство во НАТО ќе ја зајакне Алијансата и истовремено ќе ја зацврсти демократијата и независноста на Црна Гора. САД се секогаш за силно залагање за слобода и демократија во Европа и Сенатот денеска го зацврсти правото на Црна Гора на самоопределување, нагласи сенаторката Нју Хемпира.
За завршување на процедурата за ратификација на Протоколот во САД потребен е потпис од претседателот Доналд Трамп, а неговата администрација во текот на претходниве денови оцени дека членството на Црна Гора во НАТО е од голем интерес за САД.
Сенаторот Линзи Грејем, истакна дека ова е „голем ден за Црна Гора и за НАТО, лош за Русија“.
Демократскиот сенатор Кристофер Марфи нагласи дека е убеден оти НАТО ќе биде посилна доколку и се приклучи Црна Гора.
Членството на Црна Гора во НАТО мораат да го одобрат сите 28 членки на Алијансата. Откако претседателот на САД Доналд Трамп ќе го потпише ратификуваниот Протокол, останува процедурата за верификација да ја завршат уште институциите во Шпанија и Холандија. Останатите членки веќе го завршија процесот.