Американските и британските сили извршија најмалку шест воздушни напади врз јеменскиот меѓународен аеродром Худаида и четири на островот Камаран во близина на пристаништето Салиф на брегот на Црвеното Море, објави во понеделникот телевизијата Al-Masirah, главниот медиуми јеменското хутистичко движење.
Нападите врз Камаран се први на островот од страна на коалициските сили предводени од САД, откако почнаа воздушните напади врз цели на Хутите на почетокот на февруари.
Меѓународно признатата влада на Јемен верува дека борците Хути во минатото го користеле островот Камаран и пристаништето Салиф како место за напади на Црвеното Море, како и за криење резирви од проектили и беспилотни летала во рудниците за сол, изјавија за Reuters два владини воени извори.
Десетте километри морски појас што се протега од пристаништето Салиф до островот Камаран е, исто така, дел од рутата по која треба да поминат бродовите за да стигнат до следното пристаниште.
Шиитското хутистичко движење, на кое му се приклучија делови од јеменската армија, го контролираат главниот град на Јемен и најнаселените области во земјата, од ноември минатата година напаѓаат меѓународни трговски бродови поврзани со Израел а подоцна и земјите кои воено го поддржуваат, во Црвеното Море во знак на солидарност со Палестинците во Појасот Газа.
И покрај бројните моќни удари од американската и британската коалиција, како и на другите морнарици, Хутите последниве месеци продолжија да ги ескалираат нападите врз трговските бродови на една од најпрометните поморски трговски патишта.