Додека бројот на случаи на Ковид 19 расте во време кога студентите треба да се вратат од зимскиот распуст, многу американски колеџи се враќаат на онлајн настава.
Колеџите предупредуваат дека одлуката може да биде продолжена доколку бранот на инфекции наскоро не помине.
Харвард во првите три недели од новата година ќе одржува онлајн настава, а враќањето во кампусот е закажано за крајот на јануари – „доколку условите го дозволат тоа“, пренесува Гласот на Америка.
Универзитетот во Чикаго го одложува почетокот на новиот семестар и првите две недели ќе одржува онлајн настава.
Некои други колеџи, како што е Универзитетот во Мичиген, ги повикаа студентите да се вратат во кампусот, но наставата ќе започне онлајн.
Многу колеџи се надеваат дека дополнителна недела или две онлајн часови ќе им помогнат да го „преминат“ врвот на новиот бран на пандемијата предизвикан од варијантата омикрон.
Досега, повеќе од 70 колеџи во 26 држави одлучија да започнат со онлајн часови по празниците, а други ја разгледуваат опцијата.
Многу од универзитетите кои се префрлаат на онлајн настава се наоѓаат во области кои неодамна повторно беа жаришта на вирусот.
Меѓу нив се Џорџ Вашингтон, Јеил и Источна Колумбија, како и државниот универзитет Вејн во Детроит и Нортвестерн во близина на Чикаго.
Списокот ги вклучува и повеќето кампуси на Универзитетот во Калифорнија и Универзитетот Рајс во Хјустон.