Американските компании повикуваат на внимателност во санкциите против Русија

Низа големи американски компании ги повикаа Белата куќа и Конгресот да бидат внимателни при евентуално воведување нови санкции против Русија, откако американскиот претседател Џо Бајден се закани со „тешки економски санкции“ во случај на наводен руски напад врз Украина.

Администрацијата на Бајден и Конгресот мора „добро да ги утврдат поединостите доколку бидат принудени да посегнат по санкциите“, изјави за Reuters Џејк Колвин, претседател на Националниот совет за надворешна трговија (NFTC). Ова здружение ги преставува „Chevron“, „General Electric“ и другите големи американски корпорации коишто и досега работат во Русија и покрај досегашните американски санкции воведени пред осум години.

„Поединостите би требало да вклучуваат разгледување на исклучоци и период за постепено раскинување на врски за да им се овозможи на компаниите да ги исполнат договорите и обврските“, вели Колвин.

Предложи и изземања за „лековите кои спасуваат животи и други хуманитарни прашања, во согласно со долгогодишната американска политика“.

Извор од американскиот Конгрес изјавил за агенцијата дека енергетските компании директно контактирале со американски законодавци за да се осигураат дека нивните средства нема да бидат конфискувани доколку не ги почитуваат своите деловни договори во Русија.

Американскиот институт за нафта (API), најголемиот американски лобист на произведувачите на нафта и гас, разговарал за санциите со канцелариите на конгресмените.

„Санкциите би требало попрецизно да целат за да се ограничи потенцијалната штета за конкурентноста на американските компании“, рекол портпаролот на API.

„Извозните санкции вообичаено се воведуваат постепено за компаниите да имаат доволно време за запирање на работењето или да се обезбедат испораките. Но во овој случај веројатно ќе бидат воведени ненадејно, среде криза, па ќе биде тешко да се осигури периодот за ‘згаснување’“, посочува Вилијем Рејнш, поранешен виисок фунцкионер од американското министерство за трговија.

Американското министерство за финансии во минатото донекаде ги ублажуваше финасиските санкции со дозволите за нормано работење на испраќачите на хуманитарна помош и осигурување нормален прилиц странски дознаки, како што беше во случај во Авганистан по доаѓањето на талибаните на власт.

Функционер на министерството за финансии одбил да коментира можност за такви изземања во потенцијалните санкции против Русија, но додадел дека се „подготвени да предизвикаат сериозни трошоци за руското стопанство и истовремено да ги сведе на минимум несаканите прелевања на влијанието на овие мерки врз американските компании.

 

Исклучоци

Нафтените компании со години чувствуваат последници од санкциите коишто САД ги воведоа против Русија во 2014 година, по превратот поддржан од Западот во Киев и бунтот на регионите со доминантно руско и рускојазчно население, а црноморскиот полуостров Крим со два референдума прво си ја поврати укинатата самостојност по осамостојувањето на Украина а потоа се присоедини на Руската Федерација што Западот го смета за нелегално руско анектирање на украинска територија.

Така американскиот нафтен гигант „Exxon Mobil“ беше принуден да го напушти рускиот дел од Арктикот и да ја прекине соработката со руската државна нафтена компанија „Роснефт“ со којашто во 2011 година потпиша договор за развој во износ од 3,2 милијарди долари.

Санкциите од 2014 година беа насочени во секторот за истражување нафта и гас на Арктикот, во слоевите шкрилци во Сибир и во длабокото море со цел да се оневозможи индустријата која носи големи приходи на Русија, но новите мерки би можели да бидат пошироки но би било тешко да се избалансираат така да не предизвикаат штети за западните компании.

„Компаниите така би можеле да се заштитат од правна одговорност за кршење на санкциите со одредени услови, на пример доказ дека пратката е испратена во санкционираната земја без дозвола, можеби од трета земја“, сугерира Рејнш.

Од „Exxon Mobil“ не одговориле веднаш на барањето за коментар за какво и да е лобирање во врска со потенцијалните санкции за Русија. Портпаролот на Американската стопанска комора, најголемата лобистичка групација за американските економски работии, одбил да ја коментира темата за исклучоци во санкциите против Русија.

Американската трговија со стоки и услуги со Русија во предпандемиската 2019 година изнесувала 34,9 милијарди дилари, според податоците на канцеларијата на американскиот трговски претставник.