Американските конгресмени за заострување на условите за испорака на борбени авиони на Турција

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го одобри во четвртокот амандманот на буџетот за одбраната, со кои се заоструваат условите за испорака на американските борбени авиони „F-16“ на Турција, произлегува на од документот објавен на мрежната страница на долниот дом на парламентот.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден кон крајот на јуни, односно првиот ден од мадридскиот самит на НАТО, ја поддржа можната продажба на борбените авиони „F-16“, ден откако Анкара се откажа од ветото на кандидатурата на Шведска и Финска за членство во Алијансата.

Турција одамна е под санкции на САД во проектот за производство и набавка на борбените авиони „Ф-35“ поради набавката на рускиот противвоздушни системи „С-400“, откако беше одбиена од сојузниците во НАТО и беше присилена да го напушти заедничкиот таков проект со Кина.

анскиот октомври Анкара изрази желба да купи 40 ловци „F-16 Block 70“ на американскиот производител „Lockheed Martin“ и 80 комплети за надградба на овој модел авиони кои се веќе во служба на нејзините воздухопловни сили. Но администрацијата на претседателот Џо Бајден не ја коментираше тогаш можната продажба на авионите, оградувајќи се со изјавата дека секое продавање оружје мора да мине низ законска постапка. Но во март годинава Стејт департментот им пиша на пратениците во Конгресот кои се противат на таа продажба дека се „примерените трговски воени врски“ со Турција се во интерес на САД.

Амандманот, предложен го четвртокот од демократот Крис Папас од сојузната држава Њу Хемпшир, ѝ забранува на американската влада да ѝ продава на Турција или да одобрува извоз на новите авиони „F-16“ или, пак, компоненти за модернизација на летала од овој модел, сѐ додека претседателот не му достави на Конгресот уверување дека испораката на опремата одговара на националните интереси на САД.

Покрај тоа, администрацијата мора да обезбеди детален опис на чекорите преземени за да се спречи употребата на авионите „F-16 од страна на Турција за „повторувачки неовластени прелети над територијата на Грција“.

За прифаќање на амандманот гласа 244 пратеници во Претставничкиот дом, а против се изјаснија 179 нивни колеги.