Централната команда на американските поморски сили (NAVCENT) во неделата соопшти дека го спасила екипажот на товарниот брод „Tutor“ под грчко знаме, кој беше нападнат од јеменските Хути на 12 јуни во Црвеното Море.
Морнарите од ударната група на носач на авиони „Dwight D. Eisenhower“ го префрлиле екипажот со хеликоптер во саботата, соопшти NAVCENT, додавајќи дека еден член на екипажот исчезнал.
Нападот, кој се случи во близина на јеменското пристаниште Ходеида, предизвика големи поплави и оштетувања на машинската просторија и го оневозможи маневрирањето на „Tutor“.
Организацијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (UKMTO) во саботата соопшти дека екипажот на бродот е евакуиран и дека запуштениот брод пловел во Црвеното Море.
Нападот во близина на јеменското пристаниште Ходеида во средата предизвика сериозни поплави и оштетување на моторната просторија и го остави бродот „Tutor“, онеспособен да маневрира.
Тоа беше трет напад на Хутите врз брод со екипаж од филипински морнари од минатата година, при што двајца филипински морнари загина, а 17 сè уште се држат во рацете на милитантите, покажаа владините податоци.
Јенемснките шиитски Хутисти, кои се поддржани од Иран, ја презедоа одговорноста за ракетниот напад врз „Tutor“ и уште еден брод „Verbena“ во Аденскиот залив последните денови. Нивните напади, исто така, оштетија два други брода во изминатата седмица, „означувајќи значително зголемување на ефективноста“, соопшти британската безбедносна фирма „Ambrey“.
Од ноември, Хутите користат беспилотни летала и проектили за да ги напаѓаат бродовите поврзани со Израел и земјите кои го поддржуваат во Црвеното Море, теснецот Баб ал-Мандаб и Аденскиот залив, велејќи дека дејствуваат во знак на солидарност со Палестинците во војната во Појасот Газа. Досега во нивните напади потонаа еден брод, запленија друг брод а загинаа тројца морнари во одделни напади.