Американските сили во изминатите 24 часа уништија три поморски беспилотни летала на проиранските јеменски бунтовници Хути во Црвеното Море, соопшти денеска Централната команда на американската армија (ЦЕНТКОМ).
Во исто време, Хутите лансираа три противбродски балистички ракети кон цели во Аденскиот Залив, но нема повредени или значителна штета пријавена од американски, коалициски или трговски бродови, се вели во соопштението на ЦЕНТКОМ.
Централната команда на САД, исто така, ги отфрли неодамнешните тврдења на Хутите за успешен напад на американскиот носач на авиони „Двајт Д. Ајзенхауер“ и ги нарече „ноторни лаги“.